Салах не ја прифати понудата на Реал Мадрид

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

– Разговараше со мене и Купер, и тој одлучи да остане во Ливерпул – вели екс помошникот селектор на Египет, Ремзи.

Мохамед Салах неколку пати во минатото се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но никогаш не се зборуваше за официјална понуда од „кралевите“ за Египќанецот.

Поранешниот помошник селектор на Египет, Хани Ремзи во интервјуто за „OnTimeSports“ тврди дека Салах уште во 2018 година ја истакна понудата на Реал.

Кога соработував со Хектор Купер, имавме тренер во Швајцарија во март 2018 година. Разговарав со Салах, а тој ми рече дека Реал Мадрид му испрати понуда која според него беше навистина добро. Разговараме со мене и Купер, и одлучи да остане во Ливерпул, бидејќи таму е среќен – рече Ремзи.

Истата година Салах играше финале во Лигата на шампионите токму против Реал, но доживеа повреда, а Ливерпул претрпе пораз.

Една година подоцна ја освои титулата во ЛШ после триумфот над Тотенхем. Неговиот клуб сезонава беше елиминиран во осминафиналето од Атлетико Мадрид, а моментно е многу блиску да биде и шампион во Премиер лигата.

Има 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити, но сезоната е во прекин уште од март поради пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот