Салах ќе биде најплатен фудбалер во Премиер лигата

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Египетскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Мохамед Салах би можел уште долго да го носи дресот на Ливерпул.

Салах сигурно е еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, и челниците на Ливерпул подготвуваат понуда со која ќе го направат најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул подготвува понуда тешка дури 25 милиони евра годишно со што би станал четврти најдоброплатен фудбалер на денешницата, веднаш зад Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар.

Со овој потег, управата на Ливерпул се надева дека ќе ги успее да ги одбие налетите на шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона кои покажуваат огромен интерес за услугите на египетскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот