Салах ја покажува класата со гест на бензиска пумпа! (ФОТО)

twitter.com/LFC

Мохамед Салах веќе ја игра третата сезона во Ливерпул, каде дојде од Рома за 37 милиони фунти.

Тој има учинок од 20 гола оваа сезона и е еден од најзаслужните за можната нова премиерлигашка титула на „црвените“.

Еден од најдобрите фудбалери во Европа и светот, а исто така и национален херој во Египет, тој донира пари за изградба на училишта и болници, го поддржува секој проект.

Нов доказ за неговата величина доаѓа од Англија, Египќанецот во дресот на Ливерпул бил забележан на една бензиска станица во својот Бентли и сите среќници кои поминуваа во тој момент добиваа бесплатно гориво, а сметките ги плаќаше ѕвездата на Редси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот