Салах има порака за заинтересираните гиганти

Дали Мадрид е следната станица во кариерата на Салах/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Мохамед Салах порача дека е горд на освоената титула во Ливерпул и најави дека уште долги години ќе игра на „Енфилд“.

Ливерпул по пауза од 30 години конечно успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, а еден од играчите се најзаслужни за големиот успех е и Мохамед Салах.

– Многу сум среќен, не можам со зборови да ги опишам чувствата бидејќи по пауза од 30 години ја освоивме титулата. Ја гледам радоста кај луѓето и колку е важно ова што го направивме – изјави Салах.

Египетскиот репрезентативец речиси цела сезона е дел од шпекулациите дека ќе си замине од Ливерпул и ќе се пресели во Реал Мадрид, ПСЖ или Јувентус. Сега Салах по освојувањето на титулата им упати порака и на навивачите на „црвените“ и на заинтересираните екипи.

– Уживам во атмосферата тука, го обожувам ова место и се надевам дека ќе се задржам уште долго време. Атмосферата тука е поинаква од било кое друго мкесто на кое сум играл. Сите се прилагодивме на тимот и нашето разбирање е соврешено. Доколку продолжиме вака, можеме да постигнеме поголеми успеси – порача Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот