Саксобурготски: Односите меѓу Бугарија и Грција придонесуваат хармонија во регионот

Фото: Миа

Добрите односи меѓу Бугарија и Грција придонесуваат за хармонијата во регионот, изјави поранешниот премиер и цар на Бугарија Симеон Саксобурготски во интервју за грчкиот портал „Инкорект”, пренесува БГНЕС.

– Во интерес на двете страни е да имаат добри односи. Како што споменав додека бев во Атина неодамна, забележав дека врските меѓу нашите две земји се зголемени и зајакнати. Тоа придонесува за хармонија во регионот, со економски придобивки за луѓето , рече „Во интерес на двете страни е да имаат добри односи. Како што споменав додека бев во Атина неодамна, забележав дека врските меѓу нашите две земји се зголемени и зајакнати. Придонесува за хармонија во регионот со економски придобивки за луѓето “, рече Саксобурготски.

Тој го коментираше Договорот од Преспа, кој беше склучен минатиот јуни од страна на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

– Верувам дека секој договор само по себе е секогаш плус. Сè додека е слободно прифатен од потписниците и не е наметнат од диктатот на големите сили. Договорите и спогодбите мора да се имплементираат и евентуално да се подобрат доколку е потребно, истакна бугарскиот цар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот