Сакеларопулу бара итно и целосно расчистување на случајот со прислушувањата

Фото Архива

Итно и целосно расчистување на случајот со телефонското следење, бара грчката претседателка Катерина Сакеларопулу која во писмената изјава вели дека „заштитата на приватноста на комуникацијата е основен услов на едно демократско и либерално општество”.

Сакеларопулу додава дека исклучокот предвиден со Уставот поради националната безбедност е поврзан со потребата да се заштити земјата, но потребно е толкувањето и спроведувањето „да биде во согласност со принципите на владеење на правото и пропорционалност.”

– Строгото почитување на законитоста и транспарентноста на државното дејствување не претставува само гаранција за индивидуалните права, туку и најклучниот показател за квалитетот на нашата демократија, вели грчката претседателка и додава дека на тоа се базира довербата во државата.

Таа истакнува дека случајот треба да се расчисти со воздржаност и придржување до парламентарните процедури и посочува дека почитувањето и одбраната на демократијата „ги надминува партиите, личностите и позициите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот