Сакате тестенини? Дали ве дебелеат? Имаме добра вест!

Добра вест за сите оние кои не можат да се откажат од шпагетите, макароните, равиолите…

Научниците од италијанскиот институт „IRCCS Neuromed“ го претставија новото истражување со кое тврдат дека исхраната богата со тестенини нема никакво лошо влијание на вашиот струк. Напротив.

Истражувањето вклучило следење на исхраната на дури 23.000 луѓе, како и на нивната телесна тежина. Заклучокот пак е дека оние кои редовно јаделе умрена количина на тестенини всушност се послаби од оние кои конзумирале друга храна за главните оброци.

Конзумацијата на тестенини, тврдат научниците, е поврзана со намалување на индексот на телесната маса, со потенок струк и со подобра размерност на сантиметри меѓу струкот и колковите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот