Сакате да си го продолжите животот? Одете во театар!

Дали сте знаеле дека одењето во театри, музеи или уметнички галерии може да ни помогне да живееме подолго?

Научници од универзитетски колеџ во Лондон откриле дека луѓето кои имаат активен контакт со уметноста, на неколку месеци или почесто, имаат помал ризик од рана смрт за дури 31 отсто во споредба со луѓето кои не го прават тоа.

Научниците анализирале податоци од 7.000 возрасни личности на возраст од 50 години и постари, кои учествувале во големо истражување за стареењето.

-Иако другите здравствени навики, како што се пушењето цигари, консумирањето алкохол и вежбањето имаат поголемо влијание на должината на животот, забавата и активностите во слободното време, на кои обично луѓето не гледаат како на здравствени навики, го поддржуваат доброто здравје и долговечноста – изјавила Дејзи Фанкфорт, професорка и научник, како и авторка на споменатото истражување.

Истражувањето траело една година, а било мерено колку секој учесник во него посетувал концерти, опери, уметнички галерии и музеи, или колку тие се занимавале со одреден вид на уметност.
Во истражувањето било исклучено посетувањето на киносали.

Истражувањето проучувало низа економски, здравствени и социјални фактори, со цел подобро да се објасни врската помеѓу уметноста и долговечноста.
Како што стои во самото истражување, на јачината на врската со уметноста влијаат социјалните, но и економските разлики меѓу луѓето.

-Финансискиот аспект има влијание од девет проценти. Когнитивните разлики, социјалниот и граѓанскиот ангажман, менталното здравје, подвижноста и инвалидитетот имаат големо влијание. Слободното време и професионалниот статус не покажаа значајни разлики – рекла професорката Фанкорт.

Според нејзините зборови, следењето на уметничките правци и учеството во уметноста може да делува на луѓето како тампон против стрес, а истовремено да стимулира креативност, која ќе им овозможи на луѓето полесно да се прилагодуваат кон различни околности.

Исто така, оваа врска им помага на луѓето да изградат социјален капитал – пристап кон емоционалната поддршка и информации кои ќе им помогнат за поквалитетно стареење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот