САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ЗА КРАЛИЦАТА? Еве за колкава плата станува збор!

Британската кралица Елизабета Втора е многу зафатена жена.

На крајот на краиштата, таа не само што е монарх на Велика Британија, туку и прабаба на седум правнуци.

Бидејќи сето ова несомнено го исполнува нејзиното време, воопшто не е изненадување дека таа не се занимава со неважни работи, како што се создавање на постови на социјалните медиуми.

Сепак, нејзиниот зафатен распоред создава работни места за други луѓе, вели „T+L“.

Од кралската палата минатата недела најави нов оглас: вработен за дигиталните комуникации за кралицата.

„Улогата му е да ја информира светската публика со јавните настапи и работа на кралското семејство“, се наведува во описот во огласот за работа.

„Приклучувајќи се кон овој брз и динамичен тим, предизвикот ќе биде да управуваат и набљудуваат секојдневниот проток на вести на дигиталните и социјалните мрежи, како и да игра клучна улога во некои од дигиталните проекти“, се вели во соопштението.

Според огласот, новоназначениот вработен ќе работи во мал тим на дигитални медиумски професионалци. Во секојдневната активност тој ќе создава содржина за социјалните мрежи и други дигиталните платформи, вклучувајќи го и новиот сајт на кралското семејство. Тој исто така ќе пишува статии и истражувања.

За позицијата се бара човек кој има претходно искуство во управувањето на веб-сајтови, водење на дигитална комуникација и проекти. Покрај тоа, треба да има основни фотографски и видео способности, да е иновативен и исполнет со идеи.

Доколку ја добиете работата, ќе имате 33-дневен годишен одмор, бесплатен ручек и пристап до обуки, комплетен пакет социјални бенефиции, како и плата од 38.000 долари, во зависност од искуството.

Ако сметате дека сте подобни, можете да аплицирате тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот