Сакате да пишувате заедно со македонските писатели? Можете, на „Спинер“

Што да правите со вашите дечиња во периодите на домашна изолација? Еве ви супер идеја, за деца, млади, ама и за возрасни, пишувајте книга заедно со македонските писатели.

Здраво друштво, сте слушнале ли за „Спинер“? Не?! Е па, „Спинер“ е нова платформа што ги поврзува писателите и читателите на книги и им овозмоува тие заедно да ги создаваат продолженијата на книгите. Се сеќавате, на пример, на седмиот дел од „Хари Потер“, така? Кога вие би биле во улога на авторот, како би ја продолжиле приказната?

„Спинер“ платформата се користи многу едноставно, се регистрирате во еден чекор, потоа може да ја прелистувате библиотеката, и може да си ја одберете книгата која ви се допаѓа. Доколку во тек е изработување на наредно поглавје, можете на авторот да му предложите спинови во приказната, или да предложите сосема ново поглавје. На форумот на „Спинер“ можете да се запознавате, прашувате или споделувате идеи со авторите и со другите читатели. Тајмерот на „Спинер“, пак, ќе ви открие кога ќе се објави следното поглавје.

Дозволете вашата креативност да ве одведе до најдалечните патувања, читајте и дајте свој спин на приказната.

Аде да видиме како би ја продолжиле приказната за вашата омилена книга. Вклучете се на „Спинер“ (Spiner.mk.) и дајте свој спин на приказната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот