Сакате да го подобрите расположение и изгледот? Вдомете куче

куче
Куче и неговата сопственичка / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да не набројуваме дека кучето ќе ве направи поодговорни да се гржите за некого, дека вашата осаменост како со волшебно стапче ќе исчезне, а денот ќе ви биде исполнет.

Ова се петте причини како ова верно и предраго животно може да влијае на вашата убавина.

Ќе бидете поактивни и повитки

Да не се залажуваме, кучето бара грижа и малку време. Ваше време. Па често ќе слушнете, пред да се одлучите да земете куче, дека тоа е голема обврска. Да, обврска е, ама слатка обврска која влијае и на вашето разубавување.

Сега кога сте сопственик на куче, може слободно да ги откажете теретаните, на пример, па така ќе добиете и на време, а ќе заштедите и пари. Вашето драго милениче бара шетање три пати во денот, по половина час. Супер. Тоа значи дека ќе бидете далеку поактивни, а во тие час и половина може да потрошите дури 600-700 калории. Да не зборуваме за свежиот воздух…

Ќе пиете повеќе вода

Водата е многу важна за вашето општо здравје, а убавиот тен е дел од тие бенефиции. Вашата кожа ќе стане многу посјајна доколку почнете да пиете поголеми количини на вода секојдневно.

Просто неверојатно е како вашиот миленик може безгласно да ве убеди на тоа. Кога неговиот сад за вода ќе го надополнувате секој ден по неколку пати, тоа ќе ве потсети да се напиете и вие чаша вода.  Резултат? Вашата кожа ќе стане почиста и повеќе хидрирана.

Ќе ја сфатите важноста на чешлањето

Од една страна, кучето ќе ви помогне да ја сфатите неважноста на користење на толку многу производи и ритуали без кои жените не можат, а од друга страна преку кучето ќе научите кои ритуали за убавина навистина се потребни и корисни.

На пример, секојдневното шминкање апсолутно не ви е потребно, а чешлањето на косата и уживањето во купки се многу корисни  и пријатни ритуали за убавина кои влијаат и на доброто расположение и на релаксираноста.

Ќе го смените „тајмингот“ на спиење

Без разлика на тоа дали вие ќе „заглавите“ длабоко во ноќта, вашиот миленик ќе си легне секако неколку часа пред полноќ, а ќе стане околу 6 часот наутро. Со каква радост го дочекува денот подготвен за утринско шетање во природа!

Со текот на времето ќе мора да го прифатите неговото темпо на одење во кревет, и набрзо ќе сфатите дека всушност кучето ви направило една голема услуга. Ќе почнете порано да си легнувате и рано да станувате и наспани и свежи ќе се будите во новиот ден. Да не зборуваме како добриот сон влијае на убавината. Тој е фактор еден за убав и свеж изглед.

Ќе се смеете повеќе

Кучињата не се смејат како луѓето, но нивниот начин на смеење е заразен. Го исплазуваат јазикот, ве гледаат право со очињата кои светкаат и мрдаат со опашката. И тоа го прават секогаш кога ќе ве видат или кога ќе направите нешто убаво за нив.

Со такво заразно смеење кое се случува многу, многу пати во денот, и вие ќе почнете почесто да се смеете. И ќе научите да се смеете од срце секогаш кога ќе ги видите вашите пријатели. Колку насмевката разубавува? Не само што не прави најубави и не само што не расположува, туку и ни ги отвора вратите за успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот