Сакаме победи на ЕП, но немаме доволно искуство, ниту трпение..!

После доброто издание против Финска (1:3), денеска во арената „Стожице“ во Љубљана (Словенија) сликата на паркетот беше поразлична, Турците доминираа и триумфираа со 0:3.

„Црвено-жолтите“ се свесни дека имаа шанси за многу подобри резултати, но кога беше најпотребно концентрацијата не беше на највисоко ниво.

– Во првите два сета бевме блиску до противникот. Мислам дека главната причина за нашиот пораз беше нашето недоволно искуство и трпение. Како и да е, ова е нашето прво Европско првенство. Имавме две шанси, сега за тоа што следува останува да уживаме на турнирот и се надевам дека ќе покажеме подобри перформанси на наредните средби – вели македонскиот одбојкар Александар Љафтов.

Љафтов беше нашиот најефикасен играч против турската селекција со 10 поени.

– Беше еден тежок натпревар. Во клучните моменти нашата концентрација не беше на највисоко ниво и тоа се покажа како клучно за конечниот резултат – се зборовите на нашиот репрезентативец Владо Милев.

В сабота исто така од 17.30 часот ќе го играме и третиот дуел на ЕП против бранителот на титулата, Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот