Сакам да имам право, да бирам луѓе кои се „Мурињовци“

EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

За Португалецот Мурињо веќе пристигнаа неколку понуди, поранешниот стратег на Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто сè уште не брза да се врати да и се врати на тренерската кариера.

– Најтешко е за мене е да кажам „не” на сите предлози. Морам да работам, затоа што внатрешно, секогаш сум импулсивен во однос на работата. Ако имам можност да работам, сакам да кажам: „Почнуваме”. Да одбивам предлози е нешто многу, многу тешко – вели „Специјалниот“ за „Скај Спортс”.

На прашањето зошто одбива, стратегот вели дека тоа не е предизвикот што го сака.

– Но, со сета почит кон понудите кои ги добив од клубовите, сакам да имам право да бирам луѓе кои се „Мурињовци” – како што сакаат да кажат луѓето во Португалија, Шпанија и Италија – „Мурињовец” е личност, кој е фан. Тие сакаат јас да бидам таму, каде што припаѓам, така што кај мене не станува збор да кажам „добро, еве ја мојата понуда и ќе ја прифатам”. Морам да бидам трпелив и да чекам на вистинската можност и таа да одговара на моето ниво како менаџер – додаде Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот