Сакала торта за роденден, а добила само едно тркалце банана (ФОТО)

Корисничка на Твитер го споделила своето лошо искуство со роденденската торта. Таа е веганка и одлучила роденденот да го прослави во ресторан.

Кога требало да ги дувне свеќичките, наместо тортата што ја очекувала, ѝ донеле тањир на кој имало само едно тркалце банана и со вегански чоколаден сируп биле напишани зборовите „Среќен роденден“.

На девојката која се потпишува како Јасмин, овој гест воопшто не ѝ бил интересен.

„Излегов да го прославам роденденот, а тие ми донесоа тркалце банана наместо роденденска торта“, напишала навредената Јасмин.

Дека нејзиниот случај не е единствен потврдила уште една девојка која објавила фотографија од чаша полна со мраз со вишна на врвот.

„Еднаш излегов да го прославам роденденот и тие ми дадоа чаша полна со мраз со вишна на врвот“, напишала таа.

Коментарите на Твитер се поделени, но повеќето корисници се шегуваат дека можеле барем да ѝ дадат цела банана, а не само едно тркалце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот