Сака ли да каже ФИФА дека Меси е подобар од Роналдо?

Фото EPA-EFE/Rolex dela Pena (Ronaldo) - EPA-EFE/Friedemann Vogel (Messi)

Дилемата кој е подобар, Роналдо или Меси вечно ќе трае. Сега на официјалната страна на ФИФА за Светското првенство беа објавени статистички податоци кои се во прилог на Аргентинецот.

Против Австралија Меси го одигра неговиот јубилеен 1.000-ти натпревар во кариерата. ФИФА тоа го искористи да ги спореди првите 1.000 натпревари на двајцата.

Нема сомневање дека двајцата имаат фантастични статистики, но сепак Меси е подобар од Роналдо во сите сегменти, головите, асистенциите и освоените титули.

Видео на денот