Сајмон Кауел завршил во болница: Паднал од електричен велосипед и си го повредил грбот

Profimedia

Идејниот творец и член на жирито на емисијата на Х фактор, Сајмон Кауел итно е префрлен во болница во саботата вечерта по незгодата што му се случила.

Profimedia

Сајмон го тестирал електричниот велосипед во дворот на неговата вила во Малибу, но притоа паднал и го повредил грбот.

„Го скршил рбетот и во саботата попладне му е закажана операција“, пренесуваат странските медиуми.

Сајмон редовно користел електричен велосипед благодарение на кој минатата година изгубил околу 27 килограми. Поради моментната ситуација со коронавирусот, Кауел почнал да вежба дома, водејќи сметка за исхраната и променувајќи го стилот на живот.

Во моментот на несреќата со него била неговата девојка Лорин Силверман, нивниот 6-годишен син Ерик и 14-годишниот Адам, син на Лорин од претходната врска.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот