Сајмон Кауел закрепнува по шестчасовната операција на ’рбетот: Огромна среќа го спасила од траен инвалидитет

Сајмон Кауел
Сајмон Кауел / Фото: Profimedia

Познатиот продуцент, композитор и најпопуларен член во жири-комисијата на британскиот и американскиот „Х-фактор“, Сајмон Кауел (60), во моментов е на болничко лекување, каде што закрепнува по шестчасовната операција на ’рбетот.

Сајмон во саботата бил итно префрлен во болница откако се здобил со сериозни повреди во пределот на грбот по пад од електричен велосипед. Познатиот продуцент се подновил со најнов модел на ваков велосипед, но при обидите да го вози во дворот во неговата вила во Малибу, паднал и сериозно се повредил. Ваквиот шокантен настан се одвивал пред членовите на потесното семејство.

Дека тој сега е подобро и дека забрзано закрепнува говори и тоа што Сајмон преку социјалните мрежи им се обрати на своите следбеници со апел дека треба да бидат многу внимателни кога станува збор за овој уред.

Еден добар совет: Ако купите електричен велосипед, прочитајте ги упатствата пред да го користите. Паднав и го повредив ’рбетот. Ви благодарам на сите за убавите пораки. Им благодарам на вработените во болницата. Чувајте се, Сајмон – напиша тој.

Сепак, според написите објавени во странските медиуми, иако Сајмон во моментот се чувствува добро, сепак ќе бидат потребни неколку недели модринките и отокот да се повлечат. Според нив, само огромна среќа го спасила Сајмон од траен инвалидитет.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот