Сагата продолжува: Вулин објави нови детали за истрагата поврзана со Матеј Периш

Српскиот МВР, Александар Вулин говори за исчезнатиот Матеј Периш/ Фото Колаж на СП

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави дека полицијата ја проверува буквално секоја дојава која е поврзана со исчезнувањето на момчето од Сплит, Матеј Периш.

Вулин е сигурен дека немало никакво насилство кога станува збор за исчезнатото момче, а што точно се случило кобната вечер, ќе утврди истрагата.

„Ние даваме сè од себе за да го решиме овој случај и ја проверуваме секоја информација која ќе стигне до нас. И во овој случај имаме добронамерни и злонамерни луѓе кои се јавуваат. Има и бели магови и црни магови, луѓе кои велат дека ја виделе астралната проекција на Матеј… Неодамна дури ни јавија дека исчезнатото момче купува леб на Врачар. Кога проверивме, сфативме дека се работи за сосед“, рекол министерот за внатрешни работи во утринската програма на Курир телевизија.

Вулин потврди дека се запознал со таткото на Матеј, Ненад Периш и дека му искажува голема почит.

„Морам да искажам голема човечка почит кон таткото на Матеј Периш, само ставете се на негово место. Дали би имале толку разбирање како него? Имаше обиди ова да се претстави како меѓуетнички конфликт. Тоа навистина е одвратно и зборува за омразата која ја чувствувате кон овој град. Ова е безбеден град, овде никој нема да ве нападне поради националност. Белград сака странци. Од сите десетина илјади странци кои биле овде за новогодишните празници, вие немате ниту еден единствен инцидент. Тоа е бидејќи Белград сака странци, ние не ги делиме луѓето според нивната етничка припадност“ додава Вулин.

Видео на денот