Саем на книги во Делчево

Фејсбук

Најдобрите издавачки куќи со свои книги од денес до 27 мај ќе бидат застапени на мини саемот на книги кој започна во Делчево. Како што информираше директорката на Јавната локална библиотека „Илинден”, Билјана Петровска, на саемот ќе бидат застапени реномирани издавачки куќи од државата.

-Мини саемот на книги ќе биде сместен во читалната на библиотеката, а свои дела ќе изложат четири издавачки куќи, меѓу кои Матица Македонска, Арс Ламина, Македоника Литера и Просветно дело. Овој мини саем ќе биде отворен секој работен ден од 8 и 30 часот до 15 и 30 часот, рече Петровска.

Од библиотеката ги покануваат сите љубители на пишаниот збор да го посетат саемот и да си го купат своето омилено дело по екстра ниски цени.

Саемот се организира во соработка со општина Делчево, по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, ден кој е патрон на градот Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот