САДУЛА ДУРАКУ 17 ГОДИНИ НА ВЛАСТ: „Командант Вентили“ го сопре вентилот во Липково, но не и државниот

Садула Дураку се чини дека е функционерот на ДУИ кој најмногу ги почувствувал придобивките на власта, јавува ТВ Шења. По славата што ја доби со затварањето на вентилот за водоснабдување во регионот Липково за време на конфликтот, по што го доби и прекарот „Командант Вентили”, славата на Садула Дураку продолжи да живее поради важните функции што ги има откако ДУИ дојде на власт, пренесува ТВ Шења

Од 2002 година, кога ДУИ победи на првите избори по конфликтот во 2001 година, па до денес, кога е префрлен во новото Министерство за политички системи, Садула Дураку никогаш не останал без владина функција или друга важна функција. За 17 години Дураку се шетал од ресор во ресор, но никогаш не останал без плата од државниот буџет.

Веднаш откако ДУИ ја презеде власта во 2002 година, таканаречениот „Командант Вентили” беше назначен за заменик-директор на Царината. Но, на оваа функција не остана долго, бидејќи тоа беше само мост за преминување на повисока функција.

Од 2002 до 2006 година, Садула Дураку беше министер за земјоделство, во Владата на поранешниот премиер Владо Бучковски од СДСМ.

Дураку за време на владеењето на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, осум години по ред беше градоначалник на Липково. Мандатот му траеше од 2009 до 2017 година.

Тој немаше да ја напушти општината доколку не беше назначен на функцијата министер за екологија во 2017 година, кога власта веќе ја презеде Зоран Заев и ја зема ДУИ во коалиција.

„Садула Дураку беше министер за екологија две години, но и за овој краток период го следеа низа скандали поради загадувањето на воздухот. Дураку речиси воопшто не се појави во медиумите за да известува за својата работа и не успеа да се бори со загадувањето и затоа беше меѓу првите имиња за кое се зборуваше дека ке биде разрешен поради неуспех. Но, вистина, Дураку беше разрешен, за да биде префрлен во друго министерство“, пренесува ТВ Шења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот