Садула Дураки си поднесе оставка од функцијата министер за животна средина и просторно планирање

Министерот за  животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, денеска си поднесе оставка од таа функција, поради тоа  што е предложен за министер на новотo Министерство за  политички систем и односи меѓу заедниците.

Во оставката упатенa до премиерот Заев, Дураки напиша:

„Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата како и на претставниците во Собранието за искажаната доверба и за доделената чест да допринесам во подобрување на состојбата во животната средина во Република Северна Македонија.

Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го

вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап.

Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина. Сепак морам да нагласам дека за жал во некои области од животната средина се уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување.

Министерството располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.

И за крај да истакнам дека ќе ми биде чест и задоволство да бидам дел од новиот тим, каде што несебично ќе можам да допринесам за успешно чекорење на нашата држава кон Европските интеграции“, пишува во писмото на Дураки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот