Садио Мане: Сакам да бидам шампион на теренот!

фото/твитер

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, сенегалскиот интернационалец уште еднаш покажа дека е голем човек.

Се појавија денеска информации дека Англија поради лошата состојба со епидемијата на коронавирусот во земјата, можно е да биде прогласен крај на сезоната во Премиер лигата.

Никој не може со сигурност да прецизира со датуми кога и како би била продолжена сезоната во најсилното англиско фудбалско првенство.

Ливерпул беше многу блиску да ја освои шампионската титула, со оглед на големата бодовна предност од дури 25 бодови во однос на второпласираниот Манчестер сити, математички за да го обезбедат врвот му беа потребни уште две победи.

Поради тоа, многумина сметаат дека автоматски треба да им се додели титулата на „црвените“ во случај на откажување на сезоната, но еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул не се чувствува сеуште како шампион и сенегалскиот интернационалец уште еднаш покажа дека е голем човек.

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, сенегалскиот интернационалец уште еднаш покажа дека е голем човек.

– Сеуште не се чувствувам како шампион. Ја сакам мојата работа и го сакам фудбалот, сакам да бидам шампион на теренот. Сакам да победувам и така дојдам до трофејот, така навистина би сакал. Но, во оваа ситуација ќе имам разбирање што и да се случи. Тешко е за Ливерпул, но многу потешко за милиони луѓе ширум светот. Луѓето губат членови на семејство и тоа е најкомплицираната ситуација. Што се однесува до мене, сон ми е да ја освојам титулата оваа година. Но, ќе прифатам доколку тоа не е случај, тоа е дел од животот. Се надевам дека ќе ја освоиме наредната година – рече Сане за „ТалкСПОРТ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот