Садио Мане човекот со големо срце: Тешкото детство го направи одличен фудбалер и уште подобар човек (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, прерасна во еден од најдобрите фудбалери на денешницата и стана планетарна ѕвезда, но тоа не го смени во приватниот живот. Мане сè уште е скромниот човек кој сака да им помага на сите, посебно во родниот Сенегал каде гради училишта, болници…

Во време кога најголем дел од најдобрите фудбалери се однесуваат како размазени ѕвезди, еден кој дефинитивно припаѓа на елитата, Садио Мане, е целосна спротивност. Напаѓачот на Ливерпул се уште е скромиот човек, а тоа најдобро е прикажано во документарниот филм посветен на него „Made in Senegal“.

Мане како фудбалер заработува милиони евра, но никогаш не заборави од каде потекнува и ја користи секоја можност за да и помогне на локалната заедница. Но, неговиот живот никогаш не бил како бајка, напротив, имал тешко детство, а првиот шок го доживеал на седум години.

Имав седум години. Требаше да играме фудбал, но тогаш ми пријде роднина и ми рече дека починал татко ми. Му реков деја се шегува. Не можев тоа да го разберам – зборува Мане во документарниот филм посветен на него.

Пред да почине тој беше болен неколку недели. Му дадовме некои традиционални лекови и беше мирен околу 3-4 месеци. Потоа болеста се врати, а бидејќи во Бамбали немаше болница моравме да го однесеме во соседното село за да му го спасиме животот, но не успеа да ја добие битката.

Во документарниот филм Мане открива дека кога останал без татко си морал да се грижи за семејството.

Додека бев мал татко ми секогаш ми зборуваше колку е горд на мене. Тој беше човек со големо срце и кога почина остави големи последици на мене и на семејството. Тогаш си реков дека мора да дадам се од себе за да и помогнам на мајка ми. Тоа е тешко кога си толку мал – раскажува Мане.

Во своето родно село во Сенегал, Мане е вистински херој кој го користи секој момент за да и помогне на заедницата. Прво финансираше изградба на училиште, а пред неколку месеци започна и со изградба на болница која се очекува да биде завршена до крајот на годината.

Сестра ми се роди дома бидејќи нема болница во нашето село. Тоа беше многу тажна ситуација за сите. Поради тоа одлучив да иградам болница за да им дадам надеж на своите сограѓани – вели Мане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот