САД затвораат една од двете главни програми за разработка на хиперзвучно оружје

Американските воено-воздухопловни сили затвораат една од двете главни програми за разработка на хиперзвучно оружје, јави порталот „Дифенс Њуз”.

Проектот HCSW – „Хиперзвучно напаѓачко конвенционално оружје” е затворен. Портпаролот на американските ВВС, Ен Стефанек, изјави дека одлуката не се должи на никакви технички проблеми, туку на буџетските ограничувања.

Раководството на ВВС одлучи сите средства да ги насочи во разработка на програмата ARRW – „Воздушни оружја за брза реакција”, што претпоставува разработка на систем со уникатен дизајн на авионите. Првите резултати од проектот ARRW се очекуваат до 2022 година.

И двете програми се разработуваа од воено-индустриската корпорација „Локид Мартин” (Lockheed Martin).

Во финансиската 2021 година се планира вкупно да се потрошат 382 милиони долари за прототипи на хиперзвучни оружја. Буџетот за овие програми за една година е намален за 194 милиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Конгресот му предложи за овие цели во 2021 година да додели  3,2 милијарди долари. Во моментов американскиот буџет се финансира до крајот на фискалната година, а партиите во Конгресот веројатно ќе прифатат привремени буџети, што почнуваат од септември, по што ќе почнат нови преговори по изборите за Конгресот и претседателските во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот