САД загрижени поради коментарите на Радев за Крим

Румен Радев се очекува да ја закаже првата седница на новиот парламентарен состав /Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Амбасадата на САД во Бугарија реагираше во врска со изјавата на новоизбраниот бугарски претседател,Румен Радев, дека Крим е руски, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на амбасадата се наведува дека САД се длабоко загрижени од неодамнешната изјава на претседателот  на Република Бугарија, Румен Радев, во која тој Крим го прогласи за „руски”.

Амбасадата на САД во Софија додаде дека САД, Г-7, Европската Унија и НАТО отсекогаш биле јасни и единствени во ставот дека и покрај обидот на Русија да го припои и актуелната окупација, Крим е украински.

Сите, вклучително и Бугарија, на Самитот на Кримската платформа во август годинава изјавија дека Крим е составен дел на Украина и дека не ги признаваме и нема да ги признаеме обидите на Русија да ја легитимира илегалната окупација и окупација на полуостровот.

Американската Амбасада во Бугарија во последните неколку дена ја изрази својата длабока загриженост пред бугарските власти, како во Вашингтон, така и во Софија.

ВИДЕО | Радев: Крим во моментов е руски. Герџиков: Крим е окупиран од Русија