САД воведоа санкции против хакерските групи Лазарус груп, Блунорф и Андариел од Северна Кореја

Хакери/ Фото: ЕПА

Американското Министерство за финансии соопшти дека вовело санкции против три севернокорејски хакерски групи кои наводно биле вмешани во напади и учествувале во „Вонакрај” (WannaCry) нападот за откуп на средства и хакирање на меѓународни банки и сметки на клиенти.

Санкции се воведени против Лазарус груп, Блунорф и Андариел кои, како што наведува американското Министерство за финансии, ги контролира РГБ, севернокорејско разузнавачко биро, кое е веќе под санкции на САД и ОН.

Блокирани се сите средства на групите и забранета е работа со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот