САД воведоа санкции кон иранската група Шахид Меисами

epa08836297 The South Lawn of the White House is seen in Washington, DC, USA, 22 November 2020. EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

САД воведоа санкции кон иранската група Шахид Меисами, блиска до иранската Организација за одбранбени иновации и истражувања и нејзиниот директор, поради сомнение дека учествувала во развојот на иранското хемиско вооружување.

– Иранскиот развој на оружје за масовно уништување е закана по безбедноста на неговите соседи и светот, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да се борат против обидите на Техеран да развие хемиско оружје. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот