САД воведоа санкции кон 13 официјални лица на Мјанмар

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO
Американското Министерство за финансии соопшти дека денеска воведе санкции за 13 официјални лица на Мјанмар, меѓу кои и за министрите за етнички прашања и за границата, како и кон гувернерот на Централната банка.
– Станува збор за клучни членови на воениот режим, кој насилно го сузбива продемократското движење во земјата и е одговорен за насилните и смртоносни напади врз народот на Мјанмар, вклучително и убивање на деца, се наведува во соопштението на американското Министерство за финансии.
На лицата против кои се воведени санкции ќе им бидат замрзанати имотите.
– Армијата на Мјанмар продолжува да ги крши човековите права и да го угнетува народот, се посочува во соопштението.
САД на крајот од април воведе санкции за одредени компании и членови на воената хунта, која на 1 февруари ја смени цивилната влада и ја презеде власта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот