САД воведе санкции за превозниците на венецуелска нафта

САД продолжуваат да го засилуваат притисокот врз него и неговите помошници, додека не се започне со демократска транзиција.

САД воведоа санкции против четири компании што работат во нафтениот сектор на венецуелската економија, соопшти денеска државниот секретар Мајк Помпео.

Според него, тие компании работат на транспорт на нафта украдена од народот на Венецуела.

-Кражба на нафтени активи на Венецуела во интерес на незаконскиот режим на Николас Мадуро е неразумно поведение, и оние што се вклучени ризикуваат да бидат отсечени од финансискиот систем на САД, истакна Помпео.

Тој додаде дека „корумпираниот режим на Мадуро е директно одговорен за политичката, економската и хуманитарната криза во Венецуела”.

-Меѓународната заедница треба да го засили притисокот врз режимот на Мадуро, додека не се откаже од своите незаконски претензии за власт. САД продолжуваат да го засилуваат притисокот врз него и неговите помошници, додека не се започне со демократска транзиција, подвлече американскиот државен секретар. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот