САД воведе санкции за најстариот син на сирискиот претседател Асад

Фото: Архива

Стејт Департментот на САД воведе санкции за Хафез Асад, најстариот син на претседателот на Сирија, Башар ал Асад..

Санкциите на Министерството за финансии се последица на законот познат како Закон Цезар, за заштита на сириските цивили, а именуван по псевдонимот што го користел сириски полицаец, кој предал фотографии од илјадници жртви на тортурата на владата на Асад, тврди агенцијата АП.

Ова е прв случај на воведување санкции за некое од децата на Асад. Хафез Асад е роден во 2001 година и е најстарото дете на сирискиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот