САД во декември испраќаат педесетина милиони барели нафта за Азија

Флота од околу 20 танкери со американска нафта биле закупени само во декември да превезат педесетина милиони тони нафта од Мексикански залив во Кина, Јужна Кореја, Сингапур и други азиски земји, јави „Блумберг“.

Пловилата биле закупени од Vitol Group, Litasco SA, Unipec и други нафтени компании. Станува збор за супертанкери од кои секој може да превезе до 2 милиони барели нафта.

Според „Блумберг“, танкерите заминуваат за Азија поради зголемената побарувачка за нафта по брзото закрепнување на економиите на овие земји после кризата со коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот