САД тврдат дека Русија добила балистички ракети од Иран

Фото: Mehr News Agency

Американскиот државен секретар Антони Блинкен тврди дека Русија добила пратки со балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги користи во рок од неколку недели во Украина против Украинците Тоа според Вашингтон „ќе претставува драматична ескалација“.

„Овој развој и растечката соработка меѓу Русија и Иран ја загрозува европската безбедност и покажува како дестабилизирачкото влијание на Иран стигнува далеку подалеку од Блискиот Исток“, рече тој.

Блинкен, исто така, рече дека САД ќе објават нови санкции кон Иран.

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, го нарече снабдувањето со балистички ракети од Иран за Русија „значителна ескалација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот