САД: Турција е наш стратешки партнер, базите во нивната земја ги користиме само со дозвола на Анкара

САД ги користат турските воени бази, вклучувајќи ја и воздухопловната база Инџирлик, само со дозвола на Анкара. Така коментираше Пентагон за изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста за затворање на базите Иннџирлик и Куреџик доколку Вашингтон воведе санкции кон Анкара заради руските ракетни системи С-400.

– Присуството на американски сили во турските бази, вклучително и базата Инџирлик, се спроведува со дозвола на турската влада. Ние го гледаме статусот на нашите сили во Турција како симбол на нашата долгогодишна посветеност да соработуваме и да го заштитиме нашиот сојузник и стратешки партнер на НАТО – јави Тасс пренесувајќи изјава на Пентагон.

Тие истакнуваат дека Турција „придонесува за (мисиите) на НАТО во Авганистан, Косово, Ирак и е „важна“ за целите на националната стратегија за одбрана на САД“.

– Пентагон се обидува да го задржи тој однос, и ја повика Турција да води поконструктивна политика за С-400 и другите области на несогласување – додава Пентагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот