САД тестираа забранета ракета

Фото: Принтскрин

Американската армија тестираше конвенционална крстосувачка ракета земја-воздух, која беше забранета со Договорот за забрана на ракети со среден и мал дострел (ИНФ).

Како што соопшти Пентагон, ракетата е тестирана во неделата од островот Сан Николас во Калифорнија и прецизно погоди мета по 500 километри лет.

Тестираната ракета може да носи конвенционални, но и нуклеарни боеви глави.

САД се повлекоа од Договорот ИНФ со Русија, откако со години ја обвинуваа Москва за негово кршење со распоредувањето на руски ракети ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарно полнење.

По повлекувањето на САД и Русија се повлече од ИНФ.

Со тоа не важи Договорот за контрола на вооружувањето, со кој беше забрането развивање на ракети земја – воздух со дострел од 500 до 5.500 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот