САД тестираа интерконтинентална балистичка ракета, прелетала 6.760 километри преку Пацификот

Фото: Принтскрин

Воздухопловните сили на САД денеска тестираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета со лансирање од базата Ванденберг во Калифорнија.

Ракетата „Минитмен 3″ била истрелана од Калифорнија и прелетала 6.760 километри преку Пацификот кон Маршалските Острови.

Воздухопловните сили соопштија дека тестот покажал способност на интерконтинентален балистички ракетен систем и не претставува одговор на светските настани или регионални тензии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот