САД стравува: Прекинати летовите кон и од Венецуела

Фото: Профимедиа

Американското Министерство за сообраќај синоќа нареди прекин на сите комерцијални и товарни авиони меѓу САД и Венецуела, наведувајќи ги како причина немирите и насилството околу аеродромите во таа земја во Јужна Америка.

Во писмо испратено од Министерството за сообраќај, американското Министерство за национална безбедност наведува дека „условите во Венецуела ја загрозуваат безбедноста на патниците, авионите и екипажот, кои патуваат во или од таа земја”.

Министерството за информации на Венецуела засега не ја коментираше оваа одлука.

Многу меѓународни авиокомпании престанаа да летаат во Венецуела поради стравувањата за безбедноста или спорови околу пари, за кои тврдат дека Владата на таа земја им ги должи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот