САД: Србите во Џексон прво пукаат со пушки и пиштоли, а потоа слават Божиќ (ВИДЕО)

Србите во Џексон слават Божиќ откако таа комуна постои, но во последните десетина години тоа е вистински спектакл. Нема прослава додека не се истрелаат бројни куршуми во воздух.

Во речиси сите православни храмови во православните земји од регионот и ширум светот, денес се одржуваат литургии по повод најрадосниот христијански празник Божиќ, а за славењата на српската дијаспора во Џексон, во сојузната американска држава Калифорнија, известуваат речиси сите американски медиуми.

Секаде се чита посланието на патријархот Иринеј, со кое православните верници се повикуваат на меѓусебно разбирање, љубов и прошка.

– Да се чуваме од тешките и невнимателно изговорени зборови, имајќи на ум дека општеството во кое живееме го создаваме токму со зборови. Благите зборови лечат, грубите повредуваат, а раните од зборовите често се погруби и од физичките рани – порача патријархот на СПЦ.

Божиќ по Јулијански календар слават верниците во Македонија, Српската и Руската православна црква, Ерусалимската патријаршија и Света гора, и дел од египетските Копти.

Србите во Џексон слават Божиќ откако таа комуна постои, но во последните десетина години тоа е вистински спектакл. Нема прослава додека не се истрелаат бројни куршуми во воздух. Во прилог, видеа од овој необичен настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот