САД спречија ново можно масовно пукање во Северна Каролина

полиција САД/ Фото: МИА

Полицијата во САД осуети ново можно масовно пукање, еден од редицата слични случаи во август после нападите во Ел Пасо, Тексас и Дејтон, Охајо на почетокот на месецот кога загинаа над 30 луѓе а педесетмина беа повредени.

Се работи за 19 годишниот Пол Стебер, студент во прва година од универзитетот „Хај Поинт” во Северна Каролина. Тој синоќа беше уапсен во универзитетскиот кампус каде во својата соба поседувал две парчиња оружје, сачмарка и пиштол.

За време на судското рочиште синоќа се дозна дека тој планирал масовна пукотница уште од лани во декември, изучувал слични настани како нападот во црквата во Чарклтон во 2015 година. Како причина за планирање на оружен напад се наведува одлуката дали тој би бил примен или не во универзитетско братство.

Властите велат дека досега не извршил криминални дела.

Стебер е од Бостон, е прашан зошто решил да дојде во Северна Каролина, одговорил дека „овде полесно може да се купи оружје”. Нападот планирал да го изврши најдоцна до божиќните празници.

Овој случај, како и претходните неколку на осуетени масовни пукања, бил спречен со полициска дојава.

Се укажува дека во САД во изминатиот период зачестиле дојавите до полиција за лица чии постапки, онлајн или реално, укажуваат дека може да спроведат оружен напад.

Така на пример американската полиција неодамна, во текот на само еден недела, спречи шест возможни масовни пукања. Повеќемина од уапсените лица кои сеуште се во притвор и очекуваат судења, се на возраст од 20 до 25 години и биле пријавени во полицијата од нивни познаници.

Осуетените напаѓачи најчесто се водени од идеолошки причини промовирани од радикалните десничарски групи во САД како супремација на белата раса, нетрпеливост кон имигрантите од Јужна Америка, омраза или национализам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот