САД со санкции до синот на претседателот Николас Мадуро

николас мадуро

САД денеска го засилија притисокот врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, воведувајќи санкции кон неговиот син Николасито Мадуро.

Како што соопшти американското Министерство за финансии, санкциите кон Николасито Мадуро се воведни поради неговото учество во ширењето пропаганда и воведувањето цензура, како и затоа што профитирал од заработката на венецуелските рудници и помагал во притисокот на војската за спречување на влез во Венецуела на меѓународната хуманитарна помош.

„Мадуро се потпира на неговиот син Николасито и на другите блиски соработници на неговиот авторитарен режи, за да го одржи притисокот врз економијата и да ги угнетува жителите на Венецуела. Министерството ќе продолжи со целни мерки против соучесниците и роднините на припадниците на незаконскиот режим, кои профитираат од корупцијата на Мадуро“, се наведува во соопштението на американското Министерство.

САД, како и повеќето западни земји, не го признаваат ланскиот реизбор на Николас Мадуро за претседател на Венецуела и го сметаат првиот човек на Националното собрание, Хуан Гуаидо за легитимен привремен шеф на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот