САД со ревидирана листа на осомничени за кршење на човекови права: Нема виза за нови кинески функционери и членови на нивните семејства

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова листа со кинески функционери кои се осомничени за кршење на човековите права и за нив ќе нема издавање на визи за влез во земјата.

– Новите рестрикции се однесуваат на сите официјални лица на Комунистичката партија на Кина кои се вклучени во такви репресивни активности, без оглед каде и да се наоѓаат, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Исто така и членовите на семејствата на кинеските претставници, кои се предмет на санкции, нема да добијат визи за влез во САД. Вашингтон во изминатите месеци ги интензивира рестрикциите за визи за кинеските функционери и студенти.

Стејт департментот ги укина визите за повеќе од 1.000 кинески студенти и истражувачи кои се осомничени за шпионажа и им забрани влез во САД на кинеските владини претставници кои се вмешани во кршење на човековите права на муслиманите Ујгури и репресијата во Хонг Конг.

Стејт департментот, исто така, драстично го ограничи влезот за членовите на Комунистичката партија на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот