САД со предупредување до Американците – да не патуваат во Јапонија

 Здравствените власти на САД и Стејт департментот ги предупредија Американците да не патуваат во Јапонија поради зголемено ширење на коронавирусот во таа држава, која се подготвува да биде домаќин на Олимпијадата за два месеца.

Предупредувањата не забрануваат американски граѓани да ја посетуваат Јапонија, но тие можат да влијаат на патничкото осигурување и да играат улога во одлучувањето дали спортистите ќе учествуваат во игрите, а од гледачите – дали да присуствуваат на стадионите за време на ОИ.

„Патниците треба да избегнуваат какво било патување во Јапонија”, велат од Центрите за контрола и превенција на болести.

„Поради сегашната состојба во Јапонија, дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на ризик од соеви на Ковид-19 и треба да избегнуваат какво било патување во Јапонија”, се вели во соопштението.

Предупредувањето на Стејт департментот гласеше: „Не патувајте во Јапонија поради Ковид-19″.

Американскиот олимписки и параолимписки комитет соопшти дека сепак очекува американските спортисти да можат да се натпреваруваат безбедно на ОИ во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот