САД со предлог за нови претседателски избори во Венецуела

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера предложи и Николас Мадуро и Хуан Гуаидо да се откажат од претседателската трка во периодот на транзиција, а „Државен совет”, составен од претставници на власта и опозицијата да биде задолжен за организирање слободни и фер претседателски и парламентарни избори во рок од шест до 12 месеци.

Помпео предлага Гуаидо за транзицискиот период да остане претседател на Парламентот и да му биде дозволено да се кандидира за претседател

– Тој (Гуаидо) е најпопуларен политичар во Венецуела и кога сега би биле изборите би остварил неверојатно добар резултат, посочи Помпео.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Гуаидо.

– Николас Мадуро треба да замине. Секогаш зборувавме дека Мадуро никогаш повеќе нема да биде на власт во Венецуела, посочи Помпео.

САД од јануари 2019 година го признаваат Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Но, поддршката од САД и уште 50-тина држави во светот не доведе до решавање на кризата во Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот