САД со повеќе од три илјади смртни случаи во еден ден

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

САД регистрираа повеќе од 3.100 смртни случаи на коронавирус за еден ден, најмногу од почетокот на епидемијата, додека бројот на заразени Американци во болниците за првпат е повеќе од 100.000, а бројот на новозаразени надмина 200.000 за 24 часа, пренесе Бета.рс.

Според последните податоци објавени од Универзитетот Џон Хопкинс, 3.157 лица починале во последните 24 часа, што е срушен рекордот од 15 април, кога имало 2.603 смртни случаи.

Бројот на пациенти во болниците во моментов е најголем од почетокот на епидемијата и е зголемен за повеќе од двојно во последниот месец.

Овие податоци покажуваат дека САД влегуваат во уште подлабока криза, а можеби претстои најлошото, делумно поради последиците од Денот на благодарноста, кога милиони Американци ги игнорираа предупредувањата да останат дома и да го слават празникот со најтесното семејство.

Растот на бројот на смртни случаи, нови инфекции и хоспитализации низ САД силно го погодува здравствениот систем, бидејќи здравствените работници се преморени.

Сојузните држави имаат рок до петок да испратат барања за дози од вакцината на компанијата „Фајзер“ и да наведат каде треба да бидат испратени.

Поради очекувањето дека достапноста на вакцините ќе биде ограничена до пролетта, се очекува повеќето сојузни држави да ги следат упатствата на Центрите за контрола на болести, усвоени оваа недела, според кои здравствените работници и пациентите во домовите за стари лица треба први да ги добијат вакцините.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот