САД со порака кон Додик: Нема можност РС да се отцепи од БиХ

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: ЕПА

Станува видлива старо-новата политка на САД на Балканот откако администрацијата на Бајден ја презеде власта во Вашингтон. По четиригодишниот вакуум простор во регионот пред сè на Босна и Херцеговина во времето на престедателот Трамп, се чини дека Вашингтон зазема поцрвста позиција за одредени политички процеси.

Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека не постои можност за отцепување на Република Српска од БиХ. По средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Ескобар изјавил дека САД целосно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Тој ги осуди најновите потези на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кои се однесуваат на враќање на надлежностите на ентитетите, додавајќи дека тие водат кон ескалација.

Претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, како што јавуваат босанските медиуми, го известил специјалниот пратеник на претседателот на САД за полициската вежба во РС, во која учествуваат Министерството за внатрешни работи и жандармеријата на РС. Тој вежбата ја опиша како уште еден провокативен потег „насочен кон создавање конфликт“.

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Во меѓувреме, српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, оцени дека американската амбасада во Сараево е „епицентарот на нестабилноста во БиХ“. Додик според босанските медиуми  рекол дека би било добро за сите во БиХ американската амбасада во Сараево да престане „да се заканува и да држи лекции за уставноста и да го прекршува Дејтонскиот договор“.

Членот на ротирачкото претседателство на Босна и Херцеговина, претставникот на српскиот ентитет Милорад Додик, последните месеци не крие дека има намера да ја отцепи Република Српска од федерацијата.

Првин започна со изјави дека федерацијата е нефункционална, потоа, повикувајќи се на Дејтонскиот мировен договор побара поголеми уставни надлежности, за на крај да изјави дека Република Српска има право, а од таму и настојување да формира своја армија, полиција и разузнавачки служби.

Додик/ Фото Twitter Screenshot

Ова практично би значело и отцепување на три ентитетската Босанско-Херцеговска федерација.  Додик не го крие и пријателството со Москва, а на прашањето што доколку го попречат САД и Западот како гаранти на унитарноста на Босна и Херцеговина, Додик изјави дека се надева на помош од своите пријатели, иако не беше прецизно посочено за кого се работи.

Она што е веќе познато е дека Додик има добри релации со Москва. На многупати досега, иако дијаметрално различниот ЕУ и Нато стратешкиот курс на Сараево, Додик нудеше воени полигони на територијата на Р. Српска за изградба на Руска воена база.

Многумина сметаат дека Република Српска и пред сè лидерот Додик се последно упориште на руското влијание на Балканот.


Токму поради сите овие настани и случувања, администрацијата на Бајден за нов американски амбасадор во Босна и Херцеговина го назначи Мајкл Марфи, ветеран на Стејт департментот со 30-годишно искуство во меѓународната политика.

Тој во моментов е на функцијата заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Токму Марфи се очекува да се справи со српскиот член на претседателствто, Милорад Додик, кој освен што најавува отцепување на Репбулика Српска од Босна и Херцеговина, ги игнорира странските и меѓународните иснтитуции кои се позиционирани во Сараево како гарант на постоењето на „Дејтонска Босна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот