САД со нови санкции кон Мјанмар: Војниците опремени со оружје за бојно поле, наместо за полициска акција

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Американските власти денеска соопштија дека воведуваат санкции против двајца службеници на безбедносните сили на Мјанмар и две воени дивизии како одговор на насилното сузбивање на протестите.

– Смртоносното насилство на безбедносните сили на Мјанмар против мирните демонстранти мора да заврши, соопштија американските власти.

Санкциите беа воведени против началникот на полицијата, Тан Хлаинг и воениот службеник, Аунг Со за учество во „кампањата на насилство и заплашување спроведена од армијата на Мјанмар против мирните демонстранти и граѓанското општество”.

Американските власти соопштија дека војниците под команда на Аунг Соу биле опремени со „оружје наменето за бојното поле, а не за полициска акција, што докажува дека смртоносната сила против демонстрантите се користи на планиран, однапред смислен и координиран начин”.

Две дивизии на армијата се обвинети за учество во „убиството на демонстранти”.

Според Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), повеќе од 2.600 лица се уапсени и околу 250 убиени во протестите од 1 февруари. Протестите почнаа откако армијата ја презеде власта во Мјанмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот