САД: Смирување на тензиите меѓу Анкара и Атина во Источен Медитеран

 САД се загрижени поради тензиите меѓу Атина и Анкара, откако Турција изрази планови да врши сеизмички истражувања и дупчења на морското дно во Источен Медитеран, недалеку од брегот на Кипар.

-Такви економски активности, како истражување на суровини, треба да бидат базирани на взаемно разбирање и пријателство, изјави денеска Филип Рикер, заменик на американскиот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија.

Според него, Грција и Турција се членки на НАТО и треба да изнајдат заеднички јазик за решавање на територијалните спорови. Тој ја повика Турција да не ја ескалира ситуацијата, и како сојузник по НАТО да игра конструктивна улога во регионот.

Водите околу островот Кипар, Грција ги смета како дел од својот континентален гребен, и активностите на Турција во регионот ги смета за „агресија”, со барање ЕУ да заземе став на „турската провокација”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот