САД СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ ТРГОВСКАТА ВОЈНА СО КИНА: Доведени во прашање 1,5 милиони работни места

Фото: Профимедиа

Трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг претставува закана за околу 1,5 милиони работни места во САД, кои зависат од движењето на стоките преку пристаништата во Јужна калифорнија, се посочува во денеска објавениот извештај, објавен од Пристаништето Лос Анџелес.

Повисоките трошоци за увоз и загубените пазари исто така претставуваат ризик за трговијата со стоки преку пристаништа, вредна 186 милијарди долари годишно, а корисниците ќе ги чинат дополнителни милијарди долари поради зголемените цени, се наведува во извештајот на Пристаништето Лос Анџелес, ккое многу се потпира на трговијата со Кина.

– Некои региони и индустрии веќе ја чувствуваат болката и штетата врз работните места, па приходите и повратот на ДДВ можат да бидат осакатени со текот на времето – изјави извршниот директор на Пристаништето Лос Анџелес Џин Серока.

Најголемиот пристаништен комплекс за ракување со контејнери во земјата, вклучувајќи ги пристаништата Лос Анџелес и Лонг Бич, обработува двонасочен товар за 380 милијарди американски долари, при што Кина учествува со 54 отсто од увозот и 29 отсто од извозот, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот