САД се заканија со сериозни санкции кон Русија поради Навални

Москва да спроведе истрага „за можниот обид за убиство” и да се казнат сторителите.

Американскиот заменик државен секратар Стивен Биган на средба синоќа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакнал дека Русија е соочена со сериозни санкции доколку се потврди верзијата дека опозицискиот активист Алексеј Навални е отруен, јави прес-службата на руското МНР. 

Навални бил отруен со воен агенс сличен на „новичок“

– Претходно нарекувајќи го настанот „инцидент”, американската страна акцентираше дека во случај на потврда на верзијата за негово труење како опозиционер, Вашингтон ќе преземе мерки кои ќе ја засенат реакцијата на американското општество на руската вмешаност во претседателските избори 2016 година во САД, се вели во соопштението. 

Сергеј Лавров и Стивен Биган на вчерашната средба / Фото: МИА

Од руското МНР истакнале на „недопустливо гласните обвиненија” и подвлекле дека раководството на земјата е за најподробна и максимално објективна истрага за случајот. 

Кремљ збунет од германската теорија за труењето на Навални

Во очекување на официјална изјава на лекарите во Германија, каде Навални беше транспортиран на лекување, Берлин, Париз и Брисел остро реагираа, повикувајќи ја Москва да спроведе истрага „за можниот обид за убиство” и да се казнат сторителите.

Во меѓувреме, набљудувачите сметаат дека случајот со Навални е закана за целосно губење на довербата на Запад кон Москва и причина за наметнување нови санкции кон Русија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот