САД се сомневаат дека Техеран запленил танкер во Ормутскиот теснец

Неименуван американски претставник, задолжен за одбранбени прашања, за американските медиуми кажал дека „САД се сомневаат дека Иран веќе запленил танкер со нафта на компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, на кој уште пред два дена му се исклучени уредите за следење во Ормутскиот теснец.

Овој функционер изјавил дека танкерот „МТ Риах” се наоѓа во иранските територијални води, во близина на островот Кешм, на кој се наоѓа база на револуционерната гарда.

-Постои можност танкерот да е во дефект или некој да го влече. Тоа е можност. Но, што подолг временски период е без контакт, загриженоста е поголема, наведе овој неименуван извор.

Тој додаде дека бродот допрва треба да контактира со сопствениците во ОАЕ.

Американскиот претставник изјавата ја дал под услов да ја задржи анонимноста, бидејќи ова грабнување директно не ги засега американските интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот