САД се против реципроцитет: Амбасадата бара Косово да ги укине сите такси, да не создава нови бариери

Архива на СП

Од амбасадата на САД во Приштина наведуваат дека овие мерки создаваат повеќе проблеми во моментот кога веруваат дека досега постигнатите договори ќе создадат услови за продолжување на дијалогот.

Амбасадата на САД во Приштина соопшти денеска дека косовските власти добиле јасен сигнал од САД дека таксите за стока од Србија и БиХ мора да бидат целосно укинати, зошто ваквата политика, како што наведуваат, нанесува само штета за граѓаните.

Таксите од 100 отсто на производи од Србија и БиХ денеска се укинати, но во исто време и заменети со целосно реципрочни трговски и политички мерки. Тие мерки се засноваат на одлуката од 20.март кога се укинати таксите на суровинските производи и кога е најавено дека од 1. април таксите ќе бидат заменети со рециопрочни мерки во односите со Србија и БиХ по сите прашања.

– Соединетите Држави беа јасни дека Косово треба да ги укине сите такси, а не да создава нови бариери, зошто овие политики им штетат на граѓаните на Косово и ја задушуваат економијата на Косово. Ние сме против најновиот чекор на примена на реципрочни мерки на движење на стоката од Србија. Овие мерки создаваат повеќе проблеми во моментот кога САД веруваат дека спогодбите за авио, железничкиот и патничкиот сообраќај за кои и двете страни се договорија, кога ќе бидат спороведени, ќе го зголемат економскиот развој и ќе создадат услови потребни за успешен дијалог, се наведува во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот